Нашата Приказна

Имајте не нас на вашата страна!
КРЕАТИВА.инк е компанија која ги поместува границите во квалитетот на услугите, поставува нови трендови, а со тоа создава и додадена вредност како во односот со клиентите така и во нивното работење.

Работно Време

Monday - Friday 09:00AM-17:00PM
Saturday - Sunday ЗАТВОРЕНО

sales@kreativa.ink

+389 (2) 3222132

Top

KРЕАТИВА.инк e брзорастечка, динамична и иновативна компанија.

 

Позиционирана е во  B2C и B2B сегментот со продажба на Продукциски системи,МПС услуга,тонери  како компатибилни така и оригинални (HP, Xerox, Samsung, Canon, Epson, Lexmark, Ricoh, Oki, Kyocera и други). Во нашата понуда покрај продажбата на единечни производи нудиме и комплексни принтинг решенија, почнувајки од малите и средни правни субјекти па сè до големите компании, независно од индустријата  во која припаѓаат, грижејќи се за нивните трошоци во работењето.Благодарејќи на нашето  портфолио остваруваме завидни резултати во продажбта, пред сè имајќи го во предвид квалитетот и цената на нашите производи и услуги.

 

КРЕАТИВА.инк во своето работење користи проактивен пристап кон своите клиенти, со кои развива долгорочна соработка базирана на принципот на меѓусебна доверба, како и почитување на нивните потреби и интереси. КРЕАТИВА.инк е компанија која ги поместува границите во квалитетот на услугите, поставува нови трендови, а со тоа создава и додадена вредност како во односот со клиентите така и во нивното работење.Секоја компанија функционира на сопствен начин,за нас е императив препознавање на потребите на клиентите и креирање на решенија од кои извлекуваме максимум во корист на клиентот

 

Својата единствена позиција и брзиот раст, КРЕАТИВА.инк ја гради врз темели на исклучително познавање на деловните процеси. Нашата посветеност и професионалност ни овозможи да создадеме значителна база на клиенти за релативно краток период.. Со тоа успеавме да ја завземеме лидерската позиција на пазарот во рамки на понуда на Тонери и Принтинг решенија, обезбедувајќи компетитивна предност што се огледа во високиот квалитет на производите и услугите и единственост по однос на брзината во доставата.

 

Сето тоа го постигнуваме со голем ангажман, посветеност и квалитет на нашите вработени, кои се значаен столб на нашата компанија. Развој на нивниот потенцијал, едукација и напредување во кариерата, се дел од стартегијата на нашата компанија во високото конкурентно опкружување. Негувајќи тимски дух и инвестирајќи во знаењето, градиме стабилна компанија чиј приоритет е постојан квалитет во своите услуги.

 

Со сите овие карактеристики ние сме синоним за успешна и одговорна компанија, докажана на македонскиот пазар.

Што е MPS (Managed Print Services) услуга?

 

MPS услугата опфаќа пошироко објаснување и различни дефиниции, но резултатот е секогаш ист и единствен – ја преземаме одговорноста околу печатењето во вашата компанија, ви ги намалуваме трошоците и ви ја зголемуваме продуктивноста.

 

Нашите Менаџирани Принтинг Услуги ќе ви помогнат да ја анализирате, следите и подобрите принтинг околината за да им го заштедите времето на вашите вработени, а вие да заштедите пари.

Заштедете и до 80% годишно!

 

На пазарот се нудат различни опции од оригинални тонери, компатибилни, па сè до полнети тонери за вашиот печатар. Дали знаете дека со користење на компатибилните тонери од КРЕАТИВА.инк може да ги намалите трошоци за печатење и да заштедите дури до 80% на годишно ниво.

 

Доколку ваквиот трошок го помножите со бројот на принтери во Вашата компанија тогаш е повеќе од јасно колкава е вашата заштеда.

 

За разлика од полнетите тонери кои може да бидат штетни по Вашето здравје, компатибилните тонери ION на КРЕАТИВА.инк се во целост произведени согласно сите безбедносни стандарди за заштита на Вашето здравје.